Македонската поп пејачката Теа Трајковска неодамна на сите им докажа дека нималку не им се плаши на промените.
Пејачката за сите нејзини новитети или трансформации кои ги прави задолжително ги известува нејзините следбеници преку социјалните мрежи.
Така таа со нив неодамна сподели и им се пофали дека ги зголемила усните, а се пофали и со нејзината моќна промена која ја доведе до непрепознатливост, експериментирајќи со нејзината фризура.
Но овој пат, Теа и самата доживеа шок и се вознемири од промените што и ги приреди социјалната мрежа Инстаграм.
Таа на нејзините кратки приказни ги извести фановите дека и исчезнале нотификациите и со доза на загриженост објави колаж од фотографии со прашалници под нив.
„Каде ми се нотификациите? Што е со апдејтиве?“ – напиша исплашено Теа, а сето тоа го долови додавајќи и емотикон кој означува страв.
Но, вознемиреноста очигледно траеше кратко, поточно само неколку минути, кои на Теа и се чинеа вечност.
Имено, Теа забележа дека со нејзиниот Инстаграм профил нешто не е во ред и за момент се шокираше иако, веќе во продолжение следуваше втората објава за разрешената ситуација.
„Јас три минути подоцна, после пар пораки се прашувам дали само кај мене не бил стигнат апдејтот“ – наведе Теа.
Но, социјалната мрежа Инстаграм понекогаш без најава прави одредени апдејти, измени, или бришење на стари алатки па, секако оние што се „навлечени“ на него честопати знаат да доживеат стрес од споменатата апликација.
Сепак оваа промена ја вознемири и Теа која плашејки се за нејзината Инстаграм популарност да не пропадне очајно праша дали некој знае што се случува, бидејки таа не знаеше до каде ќе оди работата… „превртувајќи очи“.
Фото: Принтскрин/Инстaграм/Теа Трајковска