Радио Милева драма

Теа Таировиќ се затрула со храна и завршила во болница, агонијата траела 14 часа (видео)

Теа Таировиќ се затрула со храна и завршила во болница, агонијата траела 14 часа (видео)

Пејачката Теа Таировиќ на својот „Инстаграм“ објави видео во кое откри дека се затрула и нејзината агонија траела 14 часа.

„Не сакам ова да го правам, но морам бидејќи гледам дека сте загрижени за моето здравје кое беше многу лошо. Се затрув“, изјави таа на снимката на „Инстаграм стори“ и додаде:

„Сум јадела нешто лошо и агонијата траеше некаде од 2 часот наутро до 4 часот попладне. Бев многу слаба, дури ни вода не пиев бидејќи се плашев дека ќе ми биде полошо и тогаш колегите ме однесоа во болница за да ја добијам потребната медицинска помош. Благодарна сум им…“, изјави Теа која моментално се наоѓа во Нови Сад и додаде дека наскоро ќе оздрави и ќе се врати на своите настапи.

фото: ало/инстаграм

To top