Радио Милева
Откри детаљи од интимниот живот

Теа Таировиќ се пожали од љубовниот живот и проговори за бакшишот: „Не е сѐ така како што изгледа“(фото)

Теа Таировиќ се пожали од љубовниот живот и проговори за бакшишот: „Не е сѐ така како што изгледа“(фото)

Теа Таировиќ е една од најатрактивните и моментално најбараните пејачки, а сега проговори и за својот емотивен статус, но и за епитетот „кралица на бакшишот“.

Пејачката Теа Таировиќ прави хаос каде и да се појави, а поради неа во една прилика полетаа чаши и шишиња. Иако на нејзините настапи се „пука“ од страст, атрактивната фолкерка тврди дека не и оди баш најдобро во љубовта.

“Имам додворувачи. Ништо вредно за кжување во моментов. Тоа е само попатно. Немам време, не се задржувам многу на едно место, само ми даваат комплименти и тоа е тоа. Мојот љубовен статус е како и секогаш, средно тажен. Никој не ме сака, а сите по мене  пукаат“, се пошегува пејачката.

Таа потоа коментираше дека социјалните мрежи се преплавени со клипови на кои зема голем бакшиш, кој често нема место каде да  го стави, па затоа многумина ја нарекуваат „кралица на бакшишот“.

„Тоа само така изгледа на видео снимките, но навистина не е така. А што се однесува до ваков настап, кога сме одвоени од публиката, бакшишот не е нешто по што се водиме ние пејачите, туку се водиме по тоа што атмосферата е одлична.Тоа и да се случи или да не се случи, никој не размислува“, изјави фолкерката за чиј недвижен имот на големо се шпекулира и откри дали по летната турнеја ќе купува уште.

„И пред сето ова станбеното прашање ми беше решено, но кој знае, ќе видиме. Можеби. Полека“, открила Теа Таировиќ.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/tea_tairovic/Ата Имаџес

Останати вести од Радио Милева