Пејачката Теа Таировиќ не крие дека сака да се дружи со публиката, како и добро да се забавува на секој настап. Сепак, пејачката во медиумите ја покажа и својата друга страна.
Иако вели дека е секогаш расположена, Теа неколку пати сме ја виделе не толку весело расположена.
– Ако не си спиел трет ден и излезеш надвор и некој те слика во таква состојба, е тогаш не сум расположена. И ние пејачите сме луѓе и имаме душа – рече Таировиќ, а потоа прокоментира дека нејзината работа не е само шминка.
-Така е, апсолутно. Ниту една работа, особено не оваа, е глам, туку е еден сериозен рудник.
Пејачката откри што и е најтешко кога е работата во прашање.
– Превоз од точка А до точка Б, бидејќи поминувам долги релации. Оди таму, оди овде, па чекај, па што ако доцнам… – признала Теа.
Иако е една од најбараните пејачки, таа не се согласува дека е „кралица на бакшишот“.
– Голема моќ имаат медиумите , кога наметнуваат некој прекар и тој останува кај народот, ама не ми пречи, убаво е да се биде крал на нешто. Луѓето чувствуваат кога некој им се дава. Се разбира, на таа сцена се давам 100%.
Теа се осврнала и на нејзиниот љубовен живот но, го споредила со права линија.
– Си имам некој свој мир. Ми фали уште некој да ме нервирана покрај сите овие турбуленции и лоши летови. Тоа не ми треба – вели Теа и истакнува дека на настапите и приоѓаат момчиња, но дека засега нема сериозни љубовни кандидати.
На прашањето каков мора да биде мажот кој може да ја освои, пејачката одговори:
– Не знам, можеби затоа немам маж, бидејќи не знам што барам. Кога ќе знам, тогаш ќе го најдам.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Теа Таировиќ