Теа Таировиќ која последна настапуваше со Шабан Шаулиќ неколку часа пред сообраќајната несреќа откри детали за последните моменти на пејачот.
„Нашите музичари забележаа дека многу брзаше, а јас тоа не го забележав. Забележав дека беше расположен и дека атмосферата беше одлична. Се шегувавме пред настапот, разговараме и никој не претпоставуваше дека ќе се случи несреќа. Некако ми изгледа дека било судено, да настрадате после 50 години кариера, 50 години патувања, а притоа возеше Мирсад кој не пиеше алкохол“ изјави Теа.
Инаку, Теа последна настпуваше со кралот на народната музика и требало да се врати со него, а пејачката на бизарен начин ја избегнала несреќата.
“Шабан по неговиот последен блок песни отиде на хотелот, од каде тој ова утро од Дизелдорф требаше да летаат директно за Белград. Кога тргнавме на аеродромот ни кажаа дека Шабан имаше несреќа и бил повреден, но кога стигнав на аеродромот дознав дека тој починал … “, изјави Теа.
За потсетување, Шабан почина во сообраќајна несреќа на 17 февруари во Герминија каде имал настап.