Младата пејачка Теа Таировиќ со својот нов албум направи вистински „бум“ на регионалната музичка сцена. Таа важи за една од најплатените естрадни уметници, а од минатото лето ја нарекуваат и „кралица на бакшишот“.
Теа ги коментираше љубовните песни кои сама ги пее и пишува и истакна дека не е „киднапер на туѓи мажи“.
„Во песните не му се обраќам на зафатен човек или сакам некого да украдам, туку пеам за поранешните љубови“ – започнува Таировиќ и додава:
„Сите мои љубови ме разочараа, бидејќи да не беше така, ќе траеа и денес. Кога си заминувам, се трудам да бидам цивилизирана и никому да не нанесувам болка или штета. Дури и ја простив прељубата, но повторно се излажав, а и бев измамена“ – искрена е пејачката која отворено си ја „соголе“ душата.
Теа го коментираше и нејзиниот атрактивен моден израз по кој е препознатлива и кој често е мета на критики од оние кои се разбираат во модата.
„Секој го гледа она што сака да го види, ако гледа само откриени делови од моето тело, а не покриени, тогаш тоа е нивен проблем. Зрачам со енергија и што и да облечам ќе ги нервира оние што ме гледаат, но тоа е до нив. Градникот е дефинитивно мој заштитен знак, но најважно ми е струкот да ми е откриен, бидејќи ако половината ми е покриена изгледам како караконџула“ – изјавила пејачката.
Фото: Инстаграм принтскрин/tea_tairovic