Во пресрет на новите настапи во Бугарија, атрактивната пејачка Теа Таировиќ позираше за своите следбеници на Инстаграм.
Најпрвин на терасата од хотелот во кој престојувала, Теа направила две повеќе од предизвикувачки фотографии. Во бело мини фустанче со реси, седната или исправена, Теа дефинитивно изгледа повеќе од провокативно. Ресите преку разголените нозе помалку прикриваат отколку што покажуваат, а немирните бујни гради веќе тргнале да излегуваат од деколтето кое така преполнето, едвај успева да ги собере.
Во хотелската соба пак, Теа се снимала пред огледало, а она што најпрвин секое вистинско машко би го здогледало е сексапилниот задник на пејачката, кој таа го истакнала на снимките. Од приложеното може да се заклучи дека расната Теа Таировиќ можеби и не е „славеј грло“, ама затоа дефинитивно е една од „најзгодните птички“ во новокомпонираното „балканско фолк јато“.