Радио Милева (Не) брои пари...?

Теа Таировиќ заработува цело богатсво, па полека гради финансиско царство: Кралицата на бакшишот е секси ѕверка, ама и милионерка (ФОТО)

Теа Таировиќ  заработува цело богатсво, па полека гради финансиско царство: Кралицата на бакшишот е секси ѕверка, ама и милионерка (ФОТО)

„Кралицата на бакшишот“, како што многумина ја нарекоа Теа Таировиќ, е една од најбараните и најпопуларните пејачки на денешницата.Често се шушка за парите што ги заработува, а неодамна во јавноста стигна информацијата дека цената на нејзините настапи вртоглаво пораснала.Со оглед на огромната популарност што ја стекна, Теа моментално заработува повеќе од многу нејзини колешки заедно или од оние кои многу подолго пеат од неа.

Според извор за домашните медиуми, Таировиќ добива во просек по 13.000 евра по настап, а како засега има закажано 43 настапи од 21 јануари до 27 мај, износот на нејзината заработка ќе биде за цели 559.000 евра поголем, пренесува српски Блиц.

Теа Таировиќ заработува цело богатсво, па полека гради финансиско царство. Кралицата на бакшишот е секси ѕверка, ама очигледно и милионерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea (@tea___tairovic)

И покрај тоа, Теа тврди дека парите не и се приоритет, туку успехот и личната сатисфакција.

„Менаџерот често ме критикува и сака да полуди кога ќе му кажам дека парите не ми се важни.Оваа работа ја работам за љубов, но и за слава. Ме запали успехот, не бројам пари“ – изјави неодамна таа.Неодамна се појавија информации за апсење на пејачката и за законски прекршувања, а Теа истакнува дека не разбира од каде доаѓаат овие приказни бидејќи како што тврди таа е целосно чиста пред законот.

 

 

„Би сакала да знам од каде доаѓаат тие приказни.Јас сум човек кој е коректен во таа работа, ако не сум нешто тогаш не сум престапник и криминалец. Она што ме разочарува е фактот што за време на настапот на колегата, наместо да ужива, некој ме шпионирал и ме гледал како стојам. Во тој момент ме болеше кичмата, стоев така да се исправам, а некој ме сликаше и напиша дека сум уапсена.Требаше да ми ги слика и рацете, за да види дека нема лисици на нив“ – објасни Таировиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea (@tea___tairovic)

Фото: Инстаграм принтскрин/tea___tairovic

To top