Една од главните теми во медиумите е љубовниот живот на пејачката Теа Таировиќ, за кој речиси ништо не се знае. Пејачката веќе подолго време вели дека нема партнер бидејќи обврските не и дозволуваат, бидејќи секојдневно настапува.
Неодамна се појави вест дека пејачката две години ја крие својата поубава половина, а наводно станува збор за бизнисмен кој се занимава со криптовалути.
Екипата на емисијата „Папарацо лов“ ја следеше познатата пејачка која пристигна од настап, а на аеродромот ја пречека нејзиниот менаџер со кој срдечно се поздрави.
Со Теа цело време бил и еден мистериозен тип во црно, со кој пејачката, како што може да се види на видеото, е многу блиска, а во еден момент дури и го погалила по грбот додека оделе кон кафулето.
Таму седеле малку и разговарале, а на крајот излегле каде ги чекал извесен маж и ги однел во непознат правец.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Папарацо лов