По серијата незаборавни концерти кои ги затресоа планинските врвови, Копаоник, најпознатата скијачка дестинација во регионот, се подготвува за ново поглавје од музичката еуфорија во рамките на зимското издание на фестивалот Music Week! На сцената во Event Hall на хотелот „Гранд Копаоник“ ќе застанат две големи ѕвезди – Теа Таировиќ и Саша Матиќ!
Датумот е веќе заокружен: четврток и петок, 15 и 16 февруари се деновите кога Копаоник ќе се претвори во епицентарот на зимската забава. Додека Теа Таировиќ ветува незаборавен LIVE настап во свој стил, Саша Матиќ гарантира вечер исполнета со емоции и љубов. Скајмјузик, организаторот на овој музички настан, гарантира дека овие концерти ќе бидат нешто посебно – на публиката ќе ѝ се даде единствена можност да ужива во жешката атмосфера, најголемите хитови на двајцата артисти и, секако, безвременската добра забава што само Копаоник може да ја понуди.
Дополнително, Теа Таировиќ и Саша Матиќ ветуваат журка за паметење: Теа со својата енергија и хитовите ќе ја распамети публиката, додека Матиќ ќе донесе емотивни моменти и песни кои допираат до срцето. И кога ќе ги споите овие дваjца исклучителни изведувачи со спектакуларната продукција на Скајмјузик, добивате формула за незаборавно искуство.
Билетите се веќе пуштени во продажба, а со оглед на досега невидениот интерес за концертите во рамките на зимскиот Music Week фестивал, се очекува тие да бидат распродадени во рекордно време. Затоа, не ја пропуштајте можноста да бидете дел од овој зимски спектакл и да го резервирате вашето место навреме! Повеќе информации побарајте на musicweek.rs. Резервирајте го вашето место на +389 70 317 022.