Радио Милева приказна за бла бла бла...

ТЕА е во филм… Мафијашки: „Наркос“ или „Шутка“?! (ФОТО)

ТЕА е во филм… Мафијашки: „Наркос“ или „Шутка“?!  (ФОТО)

Последното нешто што го паметиме од македонската поп пејачка Теодора Теа Трајковска, е песната и видеото за неа со наслов „Бла бла бла“, кое се појави пред два месеци. Таму теа ги раскажа чаршиските музабети, а сега… Сега Теа е влезена во филм… И тоа мафијашки! „Наркос“!

Нееее… да не се разбереме погрешно. така изгледа нејзината последна постирана фотографија на Инстаграм.  На неа Теа и другарките Ина и Моника, во мафијашка поза, со оружје врака – лажно се разбира, по мотивите на „Наркос“ – истоимената крими серија  која го опишува животот и делувањето на најголемиот нарко бос на сите времиња, кралот на дрогата Пабло Ескобар. А Теа и другарките… како  бивши Powerpuff girls што успеале у животот“ – што би рекла самата таа.

Е сега, вака дотерани и подготвени за акција, некои ги нарекоа и „Чарлиевите ангели“, а на некои, како на  нејзиниот музички „брат по микрофон“ и дует партнер, Панчо- ДНК, му се причини дека сепак повеќе му наликуваат од една негова песна. Онаа, со наслов: „Она е од Шутка“!

Како и да е, Теа и девојките се тука… Поистоветени со ликовите од серијата. Нивните…

…И нашите:

Недостасува само Пабло… Ескобар?!

Или можеби сепак е некаде тука?

Како и да е, Теа направила интересна приказна за летно… бла, бла, бла!

 

To top