Поминаа 25 години откако е снимен мега популарниот филм „Госпоѓа Даутфаер“, а по повод годишнината се собра и актерската екипа- Пирс Броснан (65) Лиса Јакуб (36), Метју Лоренс(38) и Мара Вилсон (31).
Главната улога ја имаше Робин Вилијамс кој го играше ликот на Даниел Хилард и Г-ѓа Даутфаер, дадилка која се обидува да го спаси бракот по болниот развод.
Лиса Јакуб која за време на снимањето имаше 14 години, сега на својот Инстаграм сподели видео од средбата.
View this post on Instagram
Таа исто така проговори и за депресијата со која се бореше покојниот Вилијамс кој си го одзема животот во 2014 година, а Јакоб вели дека никогаш нема да заборави колку искрено говорел за својот проблем.
View this post on Instagram
Пирс Проснан пак вели дека никогаш нема да го заборави снимањето на сцените.
-Пресреќен сум што работев со Робин Вилијмас на овој филм, тој е еден од најдобрите комичари на сите времиња, вели актерот кој во филмот го играше Сту, млад и неженет шармер.