„Познатиот музичар-саксафонист, нашиот драг и ценет пријател Ице Атанасовски од Битола почина од компликации со коронавирусот“, објавија на социјалните мрежи неговите роднини и колеги.
Музичарот претходно го прележал Ковид-19, но по некое време му се појавиле компликации со здравјето, како резултат на вирусот.
Неговите колеги и пријателите со неверување се простуваат од Атанасовски на социјалните мрежи.
Ице Атанасовски е роден 18 ноември 1978 година во Битола и до пред некоја година беше член и на групата „Модус“.
Редакцијата на vistina.com.mk изразува сочувство до семејството.