По долго и тешко боледување, на 75-годишна возраст почина познатата македонска актерка Сабина Ајрула Тозија.
Таа беше маркантен лик на македонската театарска и филмска сцена и препознатлива по својот актерски физикус и вонредниот талент.
Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се Олга („Чехов“); Гертруда („Хамлет“); Фатима („Солунски патрдии“), а играше и во познатата турска серија „Величенствениот“.
Во своето долгогодишно искуство соработувала со повеќето реномирани македонски и странски режисери, а има играно заедно и со многу познати југословенски актери.
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов со емотивна порака се прости од својота драга колешка.
-За твојот 40ти роденден, во бифето на Драмски театар, после претставата, ти отпеав песна за тебе што ти ја напишав како подарок. Додека ти ја пеев со гитарата, ја имаше истата оваа насмевка, која нема никогаш да ја заборавам. Збогум Сабина…“, напиша тој на Инстаграм.
Актерката Весна Бејби Петрушевска исто така со емотивна порака се прости од својата драга колешка.
-си замина и таа….секогаш насмеана, неверојатно духовита, одличен партнер на сцена, непредвидлива, истрајна,бунтовна, вредна,достоинствена… со неа секогаш се смеев, знаеше да виде луцидна и игрива…на сцена и приватно…многу ја сакав….ама многу прекрасница…Моето најдлабоко сочувство. Вардан Тозија ти и беше целиот свет. Глумците никогаш не умираат, така барем се тешиме. Најголемиот и најбучниот аплауз за тебе Сабина. Тага“, напиша Весна Бејби.
Во 2015-та година, Сабина ја доби и наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“.