Радио Милева нова смрт на естрадата

Тажна вест: Хрватскиот пејач почина од цироза (ФОТО)

Тажна вест: Хрватскиот пејач почина од цироза (ФОТО)

Хрватскиот пејач Карло Јурчевиќ почина во болницата во Сплит во петокот, а како причина за смртта се наведува дека е цироза на црниот дроб.

Во деведесеттите години, се прослави со песната „Дај ми вино“, која ја сними со групата „Дар – Мар“. Песната беше голем хит во целиот регион. По распадот на бендот, овој пејач од Сплит ја започна својата соло кариера, но наскоро ја напушти сцената поради смртта на мајка му и здравствените  проблеми на сестра му.

Освен што се занимавал со пеење, тој бил и сопственик на едно мало кафуле во Сплит. Веста за неговата смрт ја потврди и неговата најдобра пријателка, тамошната пејачка и водителка Џана Апостолски:

„Јас сум во шок цел ден. Тој беше добар човек и голем талент, но се’ му тргна наопаку и не успеа во она што најмногу го сакаше. Постојано беше сам, а неговата сестра почина пред две години. Се повлече, се затвори самиот во себе и му се препушти на алкохолот. Жалам што ретко му  се јавував. Тој секогаш ќе се јавеше и ќе прашаше како сум, како се сите, а денес сите сме толку зафатени и брзо живееме… И сега повеќе никогаш нема да можам да го слушнам“ – изјавила таа низ солзи.

Карло пред четири години бил во врска со Фани Чапалија, поранешната хрватска мисица, но таа врска не успеала и не траела долго. Пред тоа, тие биле пријатели, а во добри односи останале и по раскинувањето. Според информациите на локалните медиуми, Фани и нејзината сестра, која исто така била пријателка на Карло, се неутешни поради неговата смрт.

To top