Пејачката Вера Матовиќ, спаѓа меѓу српските фолк легенди која никогаш не сакала да ја гради својата кариера врз база на скандали, туку само со песни и музика. На фолк естрадата таа е цели 50 години и нејзината популарност за цело време го има речиси истиот интензитет.
Животот ме научи, а родителите ме воспитуваа. Естрадата не може да ја расипе стабилната личност. Моето семејство е компактно, без никакви дамки“ – ќе рече таа.
Сепак, како естрадата не може да мине без афери, трачеви и сканбдали, еве што вели пејачката за најскандалозната работа што и се случила во нејзината кариера и животот воопшто:
>„Другите правеа скандали за мене, јас не.Ме венчаваа со покојни луѓе, Господ нека мечува, далеку било.Не го ни познавав човекот.Тој починал уште пред десет години, а јас излезе дека бев во брак со него.Тој бил некаде од околината на Панчево.Можеби ми бил обожавател. Потоа, тие ме омажија и за друг покојник.Плачев поради тоа, тешкого доживеав по втор пат истото, и не ми беше воопшто лесно.Не сакам никого да колнам, но тогаш реков на оној што го измислил ова, да даде Бог нему да му се случи. Мажена сум, имам сопруг, две деца, а тие се дрзнаа да ми го прават тоа“ – раскажува Вера.