Ќерката на Жељко Јоксимовиќ од првиот брак, воодушевува со својата убавина каде и да се појави и често е главна тема на порталите и социјалните мрежи, но изгледот не е единственото нешто со кое може да се пофали Мина Јоксимовиќ.
Оваа амбициозна дама, според сите сметки, е решена да го достигне својот славен татко во слава.
Талентот за музика што очигледно го наследила од татко и, сака да го надградува, па студира во таа насока, а кога ќерката на Жељко Јоксимовиќ лани ги завршила студиите на ФМУ, веднаш се запишала на магистерски студии.
Таа денеска на социјалната мрежа „Инстаграм“ сподели дека полека привршува на високото образование и собра низа пофалби од следбениците, пријателите и колегите на нејзиниот татко.
– Го положи последниот магистерски испит, речиси готово – се пофали убавата Мина и несомнено го направи најгорда нејзиниот татко чие срце скокаше од среќа.
фото:Instagram printskrin