Таткото на Маја Маринковиќ, Радомир Маринковиќ попознат како Таки, срочил „швалерски договор“, кој девојките кои сакаат да поминуваат време со него, се должни да го потпишат!
Таткото на старлетата на српските медиуми им го доставил урнекот за согласност на девојките да влезат во доброволна директна и флексибилна врска, која по потпишувањето се заверува на суд, за, како што вели самиот, „не дај Боже“.
Врз основа на овој документ, Таки се осигурал дека нема да одговара пред надлежните органи доколку стане интимен со некоја девојка. Во следниот текст е наведена согласноста со име и презиме и број на лична карта, како и рачно напишаниот потпис на девојката, како и местото и датумот пред да се завери истата на нотар.
Таки објаснил зошто бил принуден да бара од жените да го потпишат овој договор.
„Јас сум слободен човек, а секој ден се појавуваат некои други девојки. Ние сме пријатели, не сакам никакви непријатности. Не ми треба тоа. Кај мене се е црно-бело. Нема потоа, не знаев или не сакав. Убаво ќе си го потпише договорот и мене ми е мирна главата. Која ќе дојде кај мене дома, мора да го потпише овој договор“ – категоричен е Таки појаснувајќи ја својата „дозвола за уживање“.
Маринковиќ го открива и својот моментален емотивен статус:
„Онаа во кој сум заљубен има ново момче. Многу жени ме бркаат, не можам да ви објаснам. Не знам што точно гледаат во мене, но не можам да се одбранам од жените“ – заклучува тој.
Фото: инстаграм принтскрин/takitadza