Зимскиот период за повеќето е резерзиран за типичен зимски одмор на планина, уживање на снег и хотели со спа центри.
ТВ презентерката Татјана Стојановска и нејзиниот партнер Михаил се одлучија за сосема поразлично искуство.
Имено, тие ги спакуваа куферите и заминаа во далечниот Нов Зеланд, каде моментално уживаат во топлото време, плажата и сонцето.
Татјана оттаму објави неколку фотографии на кои е на плажа, раскомотена во костим за капење и опуштена во одморот од кој ќе има сосема поинакви спомени од овој период од годината.
Пријателите и оставија многу коментари за објавите и и’ посакаа да се изнаужива во убиавините на Нов Зеланд по долгиот пат.