Таа е синоним за женска убавина, македонска убавина! ТВ презентерката Татјана Стојановска и поранешна мисица, важи за една од најубавите познати Македонки.
Татјана иако е во петтата животна деценија не им се дава на годините, а нема проблем ниту да направи споредба од тоа како изгледала некогаш и сега.
За пример од времето приложи фотографија на која имала само 18 години и била тинејџерка. Во случајот, тоа колку се променила, односно колку ја промениле годините, не беше тема на дискусија и повод за објавата, туку нејзината фризура и сличен стајлинг од тогаш и сега.
Имено, Стојановска во описот на ретро и новата фотографија стави опис дека онаа од тинејџерските денови е слика од табло, а другата сега со „натурална“ фризура каква речиси никогаш не ја носи пред камери.
Природна, кадрава се уште, веројатно фарбана, но на истото тоа лице, препознатливо со шарм и фацијална специфика која не се заборава.
-Денеска со “натурална” фризура што многу ретко, скоро никогаш не ја носам на екран. Фризура што ја носев во младоста. Денеска сум со сличен стајлинг како од сликата за табло, стои во описот на социјалните мрежи.
Тогаш или сега, фокусот беше сепак нејзината убавина на која „се фатија“ да коментираат, а фризурата натурална или средена од фризер на убавата Татјана совршено и прилега.
фото: Facebook/ Татјана Стојановска (Китановска)