Радио Милева на бришење брчки

Татјана Стојановска на подмладување: ТВ презентерката во чекор со трендовите се реши за ботокс (фото)

Татјана Стојановска на подмладување: ТВ презентерката во чекор со трендовите се реши за ботокс (фото)

За ТВ презентерката Татјана Стојановска секој би кажал дека на таква природна убавина не и треба никакво разубавување. Таа важи за една од најубавите жени на јавната сцена во Македонија, а многумина знаат да и го поделат комплиментот дека старее како добро вино.

Сепак, Татјана смета дека разубавувањето на жената и освежувањето на кожата се потребни со ова темпо на живот, а таа како телевизиски лик особено има потреба од третмани кои денешната естетска козметика го нуди.

Од брчки не се плаши, ама кога може да ги реши, за тоа нема против. Па така, деновиве на своите стори на Инстаграм покажа дека се решила за ботокс на неколку делови на лицето.

Седна на консултација на веќе проверенои место и кај  докторката со која патем имаат речиси исто презиме, се договорија и тргнаа во процедура на неколку делови на лицето, односнои како што споделија, чело, глабела и околуочна регија.

Татјана во една прилика изјави дека ако третманот директно резултира и за подигање на самодовербата и расположението, тогаш нема двоумење за ваква постапка.

-Немам тајна формила како ја одржувам убавината и изгледот, вообичаени некои третмани, процедури што ги спроведувам, но ништо специјално. Јас не сум противник на естетската хирургија, сметам дека секој кој што мисли дека отстранувањето на некои недостатоци ќе му ја зголеми довербата и ќе го подобри нивното расположение, треба да го сторат тоа. Немам направено естетски зафати. Јас велам дај Боже да остареме, да ги добиеме тие брчки и се што доаѓа со годините, затоа што тоа е вредност во животот. Сега има такви процедури кои што можат на некој начин годините малку да ги избришат, да се подмладиме. Не се плашам од стареењето, зашто би било убаво и кога би остареле, кажа своевремено Стојановска во интервјуто за „Бекстејџ“.

Задоволството по одразот во огледалото, насмевката и енергијата која ја пружаме и добиваме како фитбек, всушност е она најважното! Гогините секако ќе врват, но како ние ќе ги рефлектираме надворешно, и ќе се грижиме за себе, останува на нас.

фото:Инстаграм принтскрин/Татјана Стојановска

To top