Љубовта веројатно тешко успева на далечина, но очигледно не и пријателството во случајот на пејачката Татјана Лазаревска и нејзината пријателка, некогашната фолк пејачка Јасмина Мукаетова од Кавадарци.
Русокосата пејачка веќе неколку години живее во Америка заедно со сопругот (по потекло кавадарчанец), а на музиката не и остана верна како своите колешки кои заминаа во туѓина.
Ова лето како Татјана, така и Јасмина беа во родната Македонија, но набрзо летнаа преку океанот, Јамина замина дома во Њу Џерски, а пак Тајана наместо во Мелбурн , правец Америка.
Двете пријателки и пејачки се дружеа во домот на Мукаетова, а фотографиите од заедничките моменти се најдоа на Инстаграм.
Седнати покрај пијаното позираа една до друга, а Татјана не пропушти да објави и неоколку фотографии како ужива капејќи се во базен.
Од дрга страна пак, како што може да се забележи, кавадарчанката е речиси непроменета, истиот имиџ и стас, само сега мажена жена со две деца.
фото:фејсбук/инстаграм