Радио Милева утринска сеанса

Татјана Лазаревска утрото го дочека со кренати нозе, на високо: Штом ноќта помине, не кани ме… (ФОТО+ВИДЕО)

Татјана Лазаревска утрото го дочека со кренати нозе, на високо: Штом ноќта помине, не кани ме… (ФОТО+ВИДЕО)

Брачната македонско-австралиска фолк двојка Татјана Лазаревска – Новица Василевски, е на турнеја низ Канада. По новогодишните празници тие продолжија да престојуваат и настапуваат за нашите иселеници во различни градови низ студената северна земја во која живеат многу Македонци.

Во Торонто ја дочекаа и настапуваа и за Василица или Стара Нова Година, како што ја нарекуваме, а потоа следната дестинација беше Стоуфвил.

Тања и Новица се познати по тоа што се особено впечатливи со своите настапи кога е правењето џумбуш во прашање, но овој пат, русокосата поубава половина на брачната фолк двојка, изненади со својата изведаба на неколку легендарни македонски фолк балади… „Штом ноќта помине“…

 

View this post on Instagram

 

Macedonian evergreen ????? Stom nokta pomine…

A post shared by Tatjana Lazarevska (@tatjanalazarevska_official) on

Или, „Не кани ме“… додека трае вечерата, а потоа – нивниот познат џумбуш.

 

View this post on Instagram

 

#evergreensongs? “Ne kani me”??????

A post shared by Tatjana Lazarevska (@tatjanalazarevska_official) on

Утрото велат е поумно од ноќта… А по „весело и бурно“ поминатата ноќ, Татјана утрото го дочека во специфична поза: Со кренати нозе, на високо!

Имена таа и Новица беа сместени на 47-от кат на хотелот Хилтон со прекрасен панорамски поглед на снежната канадска идила.

Па има ли подобро будење од топла соба со ваква глетка и утринско кафе со кренати нозе… за релаксација!  И додека Татјана праќа бакнежи, Новица ја фотографира.

Арно ама, „штом ноќта помине, не кани ме, со очите, зашто таква љубов, тешко ќе премолчиме…“

Ја премолчеа или не тоа утро, само тие си знаат! Сигурно е само дека имаше утринска кафе сеанса… со фотосесија!

To top