Maкедонската пејачка Татјана Лазаревска заедно со нејзиното семејство, односно сопругот Новица и синовите веќе неколку години живеат во Мелбрун, Австралија каде си купија и сопствена куќа.
Деновиве, силен земјотрес од 5,9 степени според Рихтер со епицентар во близина на Мелбурн ја погоди Австралија. Како што пренесоа медуимите има само материјална штета и нема жртви.
Татјана која често е активна на социјалните мрежи и се дружи со нејзините следбеници, но некој период не објавуваше објави поточно кажано од 28 август кога се вклучи во живо.
По подолго време, Татјана и Новица сега се вклучија во живо и открија како го поминале земјотресот.
„Искрено за нас не е ништо ново. Ние знаеме како изгледа земјотрес, сме преживеале многу земјотреси, го преживеавме и овој. Се затресе малку куќата, јас бев во спална, а Новица во кујна вараше чај и јас почнав да викам – „Новица, Новица“. Тој вика – „Не се секирај, малку земјотрес“. Беше јако, добри сме, нема никави последици“ вели Лазаревска
Тие открија дека се во самоизолација веќе седми ден, па времето го поминувале дома гледајќи филмови, турски – историски серии. Како што истакна пејачката, тие од денес излегуваат од изолација и имаат дозвола за движење, па затоа одлучиле да се вклучат во живо и да се подружат со ФБ пријателите.
„Ние славиме ослободување од ропство наречено корона“, вели пејачката, а потоа со песна и музика го прославија излегувањето од изолација.
Видеото погледнете го тука.
фото: принтскрин/фејсбук/татјана лазаревска