Радио Милева одблизу

Татјана Лазаревска од прв ред ја снимаше Дара Бубамара на настап во Будва, а од глетката реалната слика за српската пејачка стана многу појасна (видео)

Татјана Лазаревска од прв ред ја снимаше Дара Бубамара на настап во Будва, а од глетката реалната слика за српската пејачка стана многу појасна (видео)

Брачната фолк двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски пред три недели од Австралија решиаја да си дадат пауза за летен одмор и тоа на Балканот.

Направија густа агенда, спакуваа куфери и насмеани заедно со синовите го фатија летот за родната Македонија.

Музиката е составен дел од нивниот живот, па така дури и кога се на одмор, време без музика мора да има.

Но најпрвин топлите денови ги поминуваа на Егејско море, за потоа така релаксирани да влезат во студио и да снимаат песна за претстојниот „Охрид Фест“ каде ќе настапат.

Следна станица им беше и се уште им е Црна Гора, па од Егеј заминаа на Јадран, а таму не пееја,туку решија да одат на настап на српската колешка Дара Бубамара.

Татјана се намести во прв ред, ја вклучи камерата на мобилниот и почна да ја снима Дара одблизу.

Ако за српската пејачка постојано се пишува дека користи многу фотошоп на фотографиите, еве ја реалната слика за вистинската Дара.

Дали е навистина така тенка и згодна како на Инстаграм, пресудете сами.

А Тања и Новица дефинитивно знаат како да се забавуваат и да си го направат меракот за сите пари.

фото:Инстаграм принтскрин/Татјана Лазаревска

To top