Брачното фолк дуо, Татјана и Новица, неодамна во една утринска емисија открија дека ситуацијата со коронавирусот во Австралија каде живеат, не е толку рестриктивна како во Македонија.
Освен настапите, нивната примарна работа во оваа вонредна ситуација не трпи. Во Австралија, Тања работи како учителка во градинка, додека Новица е во јавниот транспорт.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tatjana-lazarevska-se-oglasi-od-avstralija-i-otkri-gi-minuvaat-denovite-za-vreme-na-korona-video/
Работните обврски за нив си течат, а така и секојдневните нешта. Татјана е русокоса, па мора коренот да го бои редовно.Фризерите не работат, па Новица лесно се претопи во таа улога, само да и помогне на женичката.
Позитивни, насмеани и секогаш со енергија која оддалеку зрачи! Повеќето дами сега сами го браат спасот со четката и фарбата бед огледалото, па искористете го примерот на Татјана и побарајте ваква специјална помош од машка рака.