Македонската фолк пејачка Татијана Стефановска неретко знае да ги израдува своите обожаватели со раголени фотографии, колку за да потсети дека не само со глас, тук Бог ја надарил и со стас и сексапил, на кој многу жени можат да и позавидат.
Таа на својот Инстаграм профил на кој често постира слики, покрај оние, најновите фотографии,може да се најда и понекоја постара фотографија… Која веројатно доволно долго ја чувала, за сега повторно да ја покаже.
Сликата што запаѓа за око е некаде од пред речиси 9 години, кога пејачката почнуваше да станува позната и го градеше патот кон популарноста!
На неа, Татијана качена на коњ, променета во бела руба како ликовите од приказните од античката историја…
Не е јасно што сакаше со постирањето на оваа фотографија пејачката да постигне, на што сакаше да се присети, или пак некого, на нешто да потсети… ама сеедно! Додека Татијана задоволно јаваше позирајќи, ние го „јавнавме“ нашиот пребарувач, па низ архивата ја најдовме целата фотосесија на тогаш, а Бога ми и сега убавата, згодна и над се’, сексапилна битолчанка!
Направена под будното око на уметничкиот фотограф и видеорежисер Дарио „Генерал“ Јанковиќ, Татијана изгледа толку многу возбудливо и секси, што еротскиот набој едноставно самиот излегува и зрачи од неа и уметничкото дело на фотомајсторот!
Јавната на коњот, покарај него или без него, пејачката изгледа фатално привлечна и неодоливо пожелна со секоја наредна поза…!
Патем, од фотографиите евидентно е уште нешто: годините неповратно минуваат, ама таа не се менува… Или многу малку, речиси незначително!
Но, ако помисливте дека ова е најжешкото нешто што на фотографија досега го понудила Татијана Стефановска – се лажете…
Еве потсетување на уште една-две горливи пози на сексапилната фолкерка… Чисто онака, заради компарација, како изгледаше некогаш, а како денес!?
Очигледно дека кај македонската фолкерка годините се само бројка… Минлива категорија, која како воопшто да не влијае на убавината и сексапилот на расната битолчанка. Впрочем, погледнете ја убаво Татијана, некогаш и сега… Има ли разлика?