Радио Милева мистериозна личност

Тара Симов има нова љубов: Ријалити ѕвездата со македонско потекло од „Задруга“ е одново вљубена, ама во кого, се’ уште не открива? (ФОТО)

Тара Симов има нова љубов: Ријалити ѕвездата со македонско потекло од „Задруга“ е одново вљубена, ама во кого, се’ уште не открива? (ФОТО)

Откако се шпекулираше дека Тара Симов му се вратила на својот поранешен избраник Ненад Алексиќ – Ша, ријалити ѕвездата со македонско потекло ја заинтригира јавноста со нова серија фотографии на Инстаграм.

Поранешната „задругарка“ објави фотографии од автомобилот на кои таа  за рака ја држи мистериозната личност.

Најпрвин во прегратка околу мускулестата надлактица, а потоа и шака врз шака со неговата рака.

Таа не го открива идентитетот на лицето, па се поставува прашањето дали мистериозната личност на објавата на Тара е всушност нејзиниот нов избраник.

Патем, приказните на нејзиниот Инстаграм се преполни со љубовни пораки, што евидентно гоори дека ријалити ѕвездата успела одново да се заљуби… „до уши“!

Тара не оставила никаков опис на фотографиите, освен емотикони со срце, а која е личноста и дали наскоро медиумите или таа самата ќе открие  за кого се работи, останува наскоро да видиме.

Можеби токму ова е човекот во чиј скут на еден од познатите белградски сплавови Тара се фотографирала?

Фото; Инстаграм принтскрин/tarasimov

 

To top