Радио Милева

Тања Савиќ за своите лапсуси: Не е „вокабулатор“ – крива е ракијата

Тања Савиќ за своите лапсуси: Не е „вокабулатор“ – крива е ракијата

Пејачката Тања Савиќ е позната по урнебесните лапсуси кои и се прилепуваат со години.

Во прашање е трема, односно ракијата која ја пие поради трема.

-Кога давам интервју на диктафон, нема проблем. Меѓутоа, кога ќе се вклучи камерата јас во ист момент се блокирам. Имам преголема одговорност кон себе и кон семејството, размислувам за илјада нешта и секогаш се случува карамбол, вели Тања за „Хит информер“ и додава:

-Кога гостував кај Огнен Амиџиќ, знаејќи како тип на емисија е и дека може да се случи некој лапсус, јас испив три ракии на екс и тоа беше грешка, верувајте ми. Кога ќе се помешаат тремата и промилите добиваш инцидент, од типот на „вокабулатор“, вели пејачката.

To top