Радио Милева искрена

Тања Савиќ си ја отвори душата за поранешниот сопруг Душан: „Не сме во контакт, ретко се слуша со децата“ (фото)

Тања Савиќ си ја отвори душата за поранешниот сопруг Душан: „Не сме во контакт, ретко се слуша со децата“ (фото)

Во новото издание на емисијата „Премиера – викенд специјал“, шармантните водителки Тијана Прица и Бојана Лазиќ во своето студио ја угостија пејачката Тања Савиќ, која проговори за нејзиниот приватен живот и се осврна на нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ.

Имено, Савиќ си ја отвори душата и откри дека не се слуша со Душан, но дека тој ретко комуницира со нивните синови Максим и Ѓорѓе, кои пејачката успеала да ги врати од Австралија, откако Јованчевиќ без знаење на пејачката побегнал со нив.

„Она што постојано ни треба е тој внатрешен мир, кој јас го немам. Се пишуваше  многу за мене и Душан, па се смири, не ми се јавува, не ми пишува и тоа најмногу ми одговара. Немаме никаков контакт и жал ми е поради тоа, бидејќи јас сум таков родител кој би сакал да остане во контакт со другата страна, сепак имаме две деца. Едноставно е должен да зборува со мене да прашува за децата, да му давам одговори и децата да се слушаат со него, но тој не прашува, тој е тој што не прашува ништо. Се слуша со деца преку „Снепчет“, но многу ретко – открива пејачката, па продолжува:

„Претежно е тоа: „Дали некој те повреди, имаш ли модринки“, такви се прашањата од него, бидејќи што и да напишат децата, тој зема и прави скриншот, за да го искористи тоа против мене на суд. Мислам дека најпаметно е, ако ја гледа оваа емисија, сакам да му кажам да се опушти, да им се јави на децата, тоа ќе им значи многу за во иднина. Не му е гајле за мене, фала богу – истакна Тања во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“.

Фото:Принтскрин/Инстаграмtanja_savic_/Пинк.рс

To top