Пејачката Тања Савиќ во последните неколку години ја запостави својата музичка кариера и се посвети на своето семејство во Австралија.
Меѓутоа, сега пејачката одлучи да донесе важна одлука која се однесува на нејзината кариера.
Имено, Тања одлучила да влезе во студио и да снима нови песни и по 10 години да ги израдува фановите со нов албум.
Тања на својот „Инстаграм“ објави фотографија, а во описот напиша:
„Многу сум возбедена што по долго време кончено влегувам во студио и ќе пеам нови песни за својот четврти албум ( по 10 години).Ви благодарам што ја подржувате мојата работа, ви благодарам на убавите пораки“ напиша Тања во описот на фотографијата.