Пред една година како бомба одекна веста дека сопругот на Тања Савиќ, Душан Јованчевиќ без нејзино знаење ги однел децата во Австралија и дека и забранува на пејачката да има контакт со нив.
Тогаш целата дијаспора се ангажираше да и помогне на пејачката, а меѓу нив и Анастасија Кинг која живее во Австралија.
Таа се огласи и ја откри својата страна на вистината, а за Тања немаше баш пофални зборови.
„Сакав да и помогнам, ми се јави нејзината сестра Драгана Мајкиќ. Ми беше жал и се јавив во Федералната полиција во Квинсленд, каде што живееше таа и ми рекоа дека не станува збор за киднапирање бидејќи родителите се во заедница. И покрај тоа сакав да и помогнам, ми изгледаше како добра, фина, културна. Погрешив. Она е безобразна жена која во себе нема ни малку емпатија“, вели Анастасија за курир.рс
Според нејзините зборови, Тања добила решение да ги земе децата и да се врати во Србија, а на неа не и се заблагодарила.
„Со денови и ноќи работев на тој случај. Се ангажирав и барав контакти бидејќи Австралија има многу безобразен закон. Тања е лажга. И објаснив до најмал детаљ каков е овде законот, а таа само ме користеше додека и одговараше. Во јавноста се покажува како фина, а голем е фолирант и важно е јавноста да знае за тоа. И давав точни информации, и помагав околу документацијата, преводот бидејќи овде никој немаше, а кога се заврши ни благодарам не ми кажа“, заклучува таа и додава дека пејачката без никаква причина престанала да и се јавува и ја блокирала на телефон.
Инаку, Тања го доби сопругот и судот одлучи децата да се вратат во Србија.