Пејачката Тања Савиќ неодамна ја напушти емисијата „Амиџи шоу“, а сега прв пат се огласи и ја откри причината зошто си заминала.
-Тука најмногу виновен е Огнен Амиџиќ. Тоа никогаш немаше да го направам ако имавме договор. Кога пристигнав, ја видов Јована Јеремиќ. Не сакав со неа да седам во иста емисија. Таа е личност која премногу се фали и премногу добива медиумски простор. Одликата на интелигентните луѓе е да дозволите другите да ве фалат. Таа во медиумите и пренесе некои работи за мене. Огнен, едноставно мора да ги бира гостите, изјави Тања.
Таа проговори и за емотивниот живот.
-Мислам дека на медиумите им беше желба да најдам сродна душа. Сега сум силна, па ми треба маж со каков и ме поврзуваа. Две години сум сама, што се гледа и по мене. Никој не се обидува да ми го привлече вниманието. Јас сум жена која е подготвена на љубов, вели пејачката.
За потсетување, со месеци се пишува дека Тања Савиќ е во врска со Драшко Станивуковиќ, но тие не потврдија дали се заедно или не.
фото: принтскрин/инстаграм/јутуб/амиџишоу