Радио Милева весело

Тања Савиќ настапуваше во Македонија, па кога ја запеа „Македонско девојче“ направи атмосфера до плафон (видео)

Тања Савиќ настапуваше во Македонија, па кога ја запеа „Македонско девојче“ направи атмосфера до плафон (видео)

Тања Савиќ важи за еден од најдобрите вокали во регионот и кога сите и предвидуваа успешна кариера, таа се омажи и се посвети на семејството.

Меѓутоа, пејачката се врати на музичката сцена и сега настапува повеќе од кога и да било.

Така, изминатиот викенд таа настапуваше во Гевгелија и направи атмосфера до плафон.

Тања за ова прилика облече црно – сива комбинација, но со нејзините стари и нови песни направи вистинска забава.

Кога ја понесе атмосферата, пејачката се симна и меѓу публиката.

Тања на својот настап се одлучи да ги изненади присутните со пеење на македонската песна „Македонско девојче“.

фото: принтскрин/инстаграм

To top