Пејачката Тања Савиќ ги шокираше сите со признавањето дека имала настапи додека била позитивна на коронавирусот, бидејќи немала срце да ги откаже настапите.
Таа изјавила дека цело време работела болна, и дека едвај стоела на нозе.
– Косата многу ми опаѓа бидејќи имав корона. Додека работев, имав корона. Не знаев дека имам, додуша се тестирав после 5 дена, тестот покажа негативен, затоа што претпоставувам во првите три дена покажува дека си позитивен. Но, имав многу антителата, имав 4.250 антитела, а цело време работев болна – рекла Тања и додала.
– Вирусот сè уште владее, едвај сум жива, навистина бев болна. Додека бев на сцената, во главата ми се вртеше, а за цело лето имав закажано турнеја, немав срце да ја откажам. Тоа би било проблем за сопствениците на дискотеките и би направила големи проблеми на мојот менаџер и на мојата публика пред сè, тие би биле разочарани, па се појавував и одев многу болна. Само со божја помош останав добро – изјавила пејачката.
Инаку, таа неодамна избрка момче од нејзиниот настап поради недолично однесување.
Фото:Принтскрин/Ата Имаџес/Часлав Вукојичиќ