Пејачката Тања Савиќ го напуштила снимањето на новогодишната емисија „Амиџи шоу“ поради Јована Јеремиќ.
Имено, пејачката Тања Савиќ половина час по почетокот на снимањето ја напуштила емисијата и си заминала без збор.
Како што дознава „Блиц“, Тања го напуштила студиото поради Јована Јеремиќ, бидејќи нивното нетрпение трае од денот кога Јована во утринската програма открила дека пејачката е во врска со Драшко Станивуковиќ.
– Ситуацијата на снимањето беше крајно непријатна.
Тања не знаеше дека заедно со неа ќе гостува Јована Јеремиќ. Штом ја виде водителката како влегува во шминкерницата, ги преврте очите, но остана затоа што сакаше да го испочитува Огњен Амиџиќ – изјави за „Блиц“ извор и додава:
– Меѓутоа, кога започна снимањето на емисијата, настана хаос.
Јована цело време ја задеваше Тања, додека пејачката не сакаше да се расправа со водителката. Бидејќи во тој момент и било непријатно, одлучи да стане и да го напушти шоуто – заклучува изворот.
Да потсетиме, водителката Јована Јеремиќ беше таа која во јавноста откри дека пејачката Тања Савиќ и Драшко Станивуковиќ се во врска.
фото: инстаграм/тања савиќ/јована јеремиќ