Пејачката Тања Савиќ гостуваше во емисијата „Никад није касно“ кај Жика Јакшиќ каде изјави дека се развела од сопругот Милан против нејзина волја, како и дека верува во доживотна љубов.
Популарната пејачка ја пофали Жика Јакшиќ кој рече дека од девојка пораснала во успешна жена, па Тања му откри како гледа на сите случувања во нејзиниот живот.
– Од срамежлива девојка пораснавте во вистинска жена. Изгледате подобро од било кога. Затворивте некои кругови во животот, се омаживте, имате две прекрасни деца – започна со пофалби Јакшиќ, но Тања го прекина:
– Се разведов, но не по своја волја. Мислев дека тоа ќе биде љубов за цел живот – призна Савиќ.
– Па драга и јас помислив првиот и вториот пат, но што да правиме – продолжи Жика, а водителката поентираше:
– Драги мои, така се созрева – рече Драгана Катиќ.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Д.Дервишагиќ