Тања Савиќ постојано живее на адреса Авастралија – Србија, а сега одлучи поради својата кариера повеќе време да поминува во Белград, па заедно со сопругот планираат да купат имот во српската престолнина.
Пејачката и нејзиниот сопруг Душан веќе разгледувале куќи во елитната населба Сењак, пишува „Свет“.
„Цените на куќите се многу високи, чинат нешто помалку од милион евра, но Тања и Душан не прават проблеми околу тоа. Планираат да платат во готово, само не може да се договорат која куќа ќе ја купат. До крајот на неделата треба да донесат одлука и да потпишат договор“ вели извор.
Како што пренесува „Свет“, Тања и Душан се сомневаат меѓу две куќи, а синовите планираат да ги запишат во приватно училиште.