Веќе некое време се пишува дека пејачката Тања Савиќ наводно е во врска со градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.
Меѓутоа, таа досега не се огласува по повод овие пишувања.
Тања вчера имаше настап, а по тој повод првпат застана пред камерите и проговори за нејзиниот љубовен живот.
Имено, како што нејзиниот емотивен живот претходно бил катастрофа, а додека на професионален план и оди одлично.
На прашањето дали нејзиното срце е во Бања Лука, таа вели:
„Моето срце е во Бања Лука и секогаш сум била за Бања Лука, а посебно Приједор бидејќи таму живее девојката која ми ја води фан страницата“, вели Тања за блиц.рс
На прашањето каде е момчето, таа вели:
-Момчето е ….знаете и вие сами каде“ вели пејачката низ насмевка и додава:
-Јас ништо не кажав на таа тема, ниту ќе кажам затоа што ако почнам да се бранам тогаш ќе биде катастрофа, вели Савиќ.
Како што пишуваат, медиумите Тања и Драшко се заедно од јануари оваа година кога биле заедно на Јахорина.