Радио Милева
половина храна

Тања Савиќ ја откри својата тајна – без мака се ослободила од стомакот, па го сподели нејзиното мени (фото+видео)

Тања Савиќ ја откри својата тајна – без мака се ослободила од стомакот, па го сподели нејзиното мени (фото+видео)

Тања Савиќ летово беше една од најангажираните пејачки, која речиси секојдневно настапуваше низ целиот регион, а видеата и сликите кои ги преплавија социјалните мрежи докажуваат дека пејачката никогаш не изгледала подобро.

Порано имала 60 килограми, а сега 57. Пејачката вели дека оброците ги преполовила и така успеала да се ослободи од стомакот. Како што објаснила, решила некое време да пие само сок од овошје и зеленчук, но постојано била гладна, па се откажала од тоа. Затоа решила сама да смисли диета. Одлучила да јаде половина храна од колку порано и набрзо ги видела резултатите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

„Почнав со детоксикација и требаше да пијам само сокови од овошје и зеленчук, но не можев да издржам без да ставам храна во уста. Исцедените сокови ги чував за појадок и решив да имам помали, лесни оброци. Јадев салати, пилешко, риба… Се разбира, сето тоа без леб. Буквално ја преполовив количината на храна што ја внесував и тоа брзо ми донесе резултати“, вели пејачката.

“Штом ставам неколку килограми, стомакот веднаш ми се зголемува и ме нервира. Конечно успеав да се ослободам од него! Сега никаде немам вишок. Навистина се намалив во тој дел од телото и … Многу сум задоволна од изгледот. Имам тенденција да се здебелам, па морам да одвојувам време за да ја регулирам исхраната, за да ја задржам витката линија“, искрена е таа.

Пејачката истакнува дека најмногу се здебелила за време на карантинот поради коронавирусот:

„Тогаш бев навистина вознемирена, бидејќи не настапував, само седев дома. Штом почнав да настапувам, ослабев, а сега веќе немам сало на стомакот“.

Тања не крие дека понекогаш сака да се опушти и да јаде повеќе отколку што треба.

“Човек мора понекогаш мора да си даде одмор. Ми се случува да јадам непосредно пред настап, а тоа не е баш паметно.  Па ќе се прејадам и едвај пеам”, признала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Тања Савиќ

Останати вести од Радио Милева