Дарко Лазиќ моментално се наоѓа на бања, каде закрепнува од несреќата која ја доживеа пред речиси два месеци, а пријателите ја користат секоја прилика да го посетат пејачот.
Една од нив е Тања Савиќ која позираше насмеана со Лазиќ, со кој се натпреваруваше во истото музичко шоу, па напиша:
-Драги наши, само да ви јавиме дека сме добро! Ве сакаме, порача пејачката, а многумина оставија позитивни коментари на објавата. Потсетуваме, со Дарко во бањата постојано е неговата свршеница Марина Гагиќ, која чека негово дете.