Во медиумите често се пишува дека Тања Савиќ има кризи во бракот и дека се разведува, а и таа самата го потврди тоа со што наведе дека сопругот бил оној што им ја спасил заедницата.
Пејчаката настапувала во познат клуб, а по нејзиниот настап започнале гласините дека е бремена.
Во црна комбинација ги покрила своите облини, но кога се свртела публиката забележала дека има стомак, пренесуваат српските медиуми.
Стомачето може да се забележи и на фотографијата која ја објави и на својот Инстаграм.
Меѓутоа, неодамна Тања изјави дека има проблем со вишокот на килограми и дека се здебелила.
Дали Савиќ е бремена или здебелена, останува да видиме. Инаку, Тања во бракот со Душан има два сина, Максим и Ѓорѓе.