Тања Савиќ откри дека во 2022 година влегла како слободна жена и дека на полноќ плачела во прегратките на нејзината сестра.
„Претходната година ме научи дека човек треба да има контакт со лоши луѓе за да видиме кои сме ние. Не можеме да се запознаеме со себе, ако некој не не згази. Јас научив многу убави работи од се што ми се случи“, изјави Тања за медиумите.
Тања откри дека новата година ја дочекала со солзи во очите.
„На полноќ плачев во прегратките на сестра ми бидејќи се сетивме како ја дочекавме претходната година сами во станот. Тогаш децата не беа со мене и ми беше многу тешко. Овој пат плачев до среќа што се тоа е зад мене и што сите сме заедно“, вели Тања.
Таа проговори и за љубовниот живот.
„Слободна сум жена, а на полноќ не посакав маж покрај себе. Се однесував спонатно, немав некоја посебна желба“, изјави Савиќ.
фото: инстаграм/tanja_savic_private