Владејачката гарнитура не може да си дојде на себе од успешната зделка за продажба на националното име, идентитетот, култирата, историјата, на сè што се врзува за името Македонија. Изгласувањето на уставните измени им се погоди во петок, така што имаат цел викенд за „кршење чаши од кристал“ по скопските кафеани.
Доцна синоќа најрасположен бил градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, кој лумпувал во скопска кафеана, а според нашите сознанија се прославувала токму промената на името на државата. За да ѝ тргне на Северна Наумоски го реалзирал првиот проект во градоначалничката кариера – се фатил за микрофон и запеал „Ја излези, Ѓурѓо“.
Според видеоснимките на „Република“, Наумоски добро се снаоѓа со микрофонот, а му лежи и репертоарот на Мирослав Илиќ, па за атер на Северна, тој кршел чаши, а компањоните му лепеле пари.
Врв на баханалиите на однародениот апаратчик на СДСМ била стомачната танчарка која му го фрцкала задникот пред носот додека тој сладострасно се облизува.
Прославата на националното понижување и себеукинување започна уште во петокот во Собранието, веднаш по изгласувањето на уставните измени.