На Тамара Тодевска и во време на изолација не и недостасува забава по дома, а за тоа главните одговорни се нејзините наследници, ќеркичката Хана и синчето Дарен.
Пред неколку дена мама и Хана за првпат се вклучија во живо на Инстаграм, а следбениците имаа повеќе прашања за Хана, која пак не беше многу заинтересирана и си играше со косата на мајка си. Први Април е магичниот ден за децата, а Хана не пропшти да се маскира во Супермен и тоа во костимот на Дарен кој сега малку му е голем.
Мама Тамара пак, за да не си отвора дополнителна работа, најде ретро фотографија од 2013 година кога се маскираше како чесна сестра. Фотографијта е направена во лифт, а иако се поминати седум години, Тамара изгледа исто.
Веруваме дека Хана најмногу се израдува кога ја виде ваква, па можеби посака од Супермен да се преобрази како мама.