Радио Милева
Правда?

Тамара Тодевска сподели суров одговор на прашањето: „Зошто да се селиш од Македонија, кога се’ си имаш тука“? (ФОТО)

Тамара Тодевска сподели суров одговор на прашањето: „Зошто да се селиш од Македонија, кога се’ си имаш тука“? (ФОТО)

Осомничениот за организацијата и егзекуцијата на двојното убиство која ја шокираше, разжалости и крена на ноезе како никогаш до сега цела Македонија, Љупчо Палевски – Палчо е уапсен при бекство во Турција и се чека налог за негова екстрадиција во земјава. Клопчето на вистината почна да се одмотува и со неговото екстрадирање во Македонија ќе се одмота до крај или допрва ќе почне да се замотува и до крај замрси како во многу случаи досега, е прашање за милион?

Во меѓувреме кога целата македонска јавност е згрозена од грозоморниот чин на двојно убиство и бара најстроги санкции за сторителот и неговите соработници, на социјалните мрежи осамна шокантна објава.

Поточно на Фејсбук се појави новоотворен профил кој бара ни помалку ни повеќе „правда за Палчо“!? Правда секако мора да има, ама после се’, тешко дека истата ќе биде токму на страната на првоосомничениот осмислувач, организатор и егзекутор на двете невини жртви!

На споменатиот Фејсбук профил во описот стои: „Љупчо Палевски Палчо е вистински македонски патриот и како таков долго време им пречи на сите антимакедонски политички субјекти, особено на Курто и Мурто. Системот му спакува афера и лажно го обвини“.

Објава која дополнително ја згрози и изритира јавноста. Објава во која ниту тој самиот што ја споделил не верува или барем се сомнева!

И додека се чека реакцијата на МВР многумина веќе реагира на ваквото дополнително „дразнење на јавноста“ со „дотурање сол на ептен свежата жива рана“, правејќи од „потенцијален суров убиец народен херој“. Меѓу  останатите, јавноста ги регистрираше и реакциите на некои од познатите личности, меѓу кои и на Тамара Тодевска.

Пејачката на своите Инстаграм приказни пред малку објави статус, кој до душа не е лично нејзин, ама е споделен од неа, преку кој Тамара сподели суров одговор на прашањето, зошто децата, поточно младите ни се иселуваат од Македонија!?

„Од Десна направиле група ‘Правда за Палчо’. Тое се што треба да знаете за нашиот менталитет и сите родители што си ги прашувате децата: „Ама зошто ќе  одиш  сега во Америка? Се’ си имаш тука!“ Ова ви е одговорот!

Не дека Америка е рајот на земјата и вакви нешта не се случуваат, напротив… Се случуваат многу почесто! Ама не дека и авторот на напишаниот статус не е проклето во право во каква држава, меѓу какви луѓе ние живееме!  А, Тамара како јавна личност, само ја потсетила јавноста на реалноста… Оваа нашава, жална, мачна, тажна и сурова!

Фото: Инстаграм/tamaratodevska

 

 

 

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева