Радио Милева
приказни од зад сцената

Тамара Тодевска реши да ја истетовира македонската химна на себе: „Ме боли што ме мразат без причина“! (ВИДЕО)

Тамара Тодевска реши да ја истетовира македонската химна на себе: „Ме боли што ме мразат без причина“! (ВИДЕО)

Тамара Тодевска оние што добро ја познаваат знаат дека и покрај се’, во суштина е емотивна личност. Распната токму помеѓу музиката и своите емоции, негативните коментари и стравот,  пејачката одново ја отвори душата оставајќи ги чувствата пред камерата на „магазинот од зад сцената“.

Периодот низ кој минува и е прилично стресен за неа. Како прво, заради сето она што сите го преживувавме, коронапандемијата и вирусот кој за жал и се всади и во семејството, зашто сопругот „Мачка“ беше позитивен на Ковид 19.

„Иако бевме и јас и децата заедно со него дома во самоизолација 15 дена, можеби е чудно, но за среќа не фативме корона“ – вели Тамара во разговорот за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ и продолжува: „Здравствено, но најмногу психички тоа влијаеше на сите. Психички те убива таа неизвесност, тоа чувство што ќе се случи, што ќе биде… Освен тоа многу ми недостасува близината со останатото семејство. Татко ми да речеме, не сум го видела оддамна. Ми фали да го гушнам, ми фали таа близина, но ете… таква е ситуацијата“ – вели Тамара.

Корона кризата најмногу ја погоди естрадата па нема настапи или можата да се избројат на прстите од едната рака, па затоа и нее баш „кул“, како што вели самата, да се викаат пејачи од надвор да гостуваат по локалите, а нашите да седат дома без работа. Токму за еден таков случај со скопски угостител кој и побарал мобилен број од српска ѕвезда деновиве, раскажува и самата Тамара. Каков бил нејзиниот одговор, дали му го дала телефонскиот број и каков брутален одговор добил од неа, раскажува самата како дел од последните настани што и се случуваат.  Како и тоа низ што се’ поминувала и се’ уште поминува откако ги „промаши“ стиховите при изведбата на Македонската химна за време на прославата во амбасадатана САД, ќе слушнете и самите од неа во видеото подолу.

Конечно, во него самата Тамара повторно ја признава грешката, откривајќи на каков начин решила да ја исправи… Еднаш – засекогаш! За како што вели, повеќе да не ја боли што ја „мразат“ без причина! Но, и како своевидна фигуративна „казна“ за стореното „злосторство без предумисла“ кое и го припишуваат. Со тетовирање на себе, токму на оние стихови од македонската химна, кои ги изостави и пропушти да ги испее во дадената прилика. До душа, Тамара не кажа на кој дел на телото и со колку крупни букви ќе ја тетовира химната, ама сепак…

За сето ова Тамара Тодевска зборува во разговорот за „Бекстејџ“ кој можете да го погледнете во видеото во продолжение, но претходно, коментарот или поточно констатцијата содржана во прашање кое на пејачката и го упати „загрижениот“ ТВ водител на ток шоуто „Јади бурек“, Јанко Илковски преку својот Фејсбук профил:

Јас не те мразам Тамара, ама што ако ти го утнат текстот дур те тетовираат?“ 

 

Останати вести од Радио Милева