Во недела се празнува гоелмиот празник „Велигден“. Христијанските верници на овој ден го прославуваат воскреснувањето на Исус Христос.
Според традицијата, вечерта пред Велигден се оди на кружење во црква, а точно во 00 часот се прогласува воскреснувањето на Исус. Исто така за Велигден се вапцупуваат и велигденски јајца.
На овој ден, вообичаено, луѓето со своите семејства, пријатели, роднини се собираат да го прославаат празникот. Меѓутоа, оваа година поради коронавирусот и пандемијата која владее во светот, Велигден ќе биде прославен на потполно различен начин.
Поточно, од утре (петок) од 16часот започнува карантинот кој ќе трае до вторник до 06 часот наутро, а тоа значи дека ќе има потполна забрана за движење.
Со цел да спречи ширењето на короната, се препорачува да се остане дома, но и да се држи одалеченост од 2 метри.
Македонската пејачка Тамара Тодевска по повод Велигденските празници се огласи на својот Фејсбук и напиша:
„Драги мои,
Ова ќе биде еден поинаков Велигден за сите нас. Следува карантин од 4 дена. За жал, оваа година нема да можеме да ги правиме работите што вообичаено сме ги правеле за време на овој голем празник. Сигурна сум дека ќе помине и ова но сега, во овој момент, важно е сите да останеме дома и да ги почитуваме препораките на Министерството за здравство.
Знам дека следуваат подготовки за Велигден и би сакала да ве замолам, одржувајте 2 метри растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе. На овој начин го спречувате ширeњето на коронавирусот и спасувате животи.
Спаси живот од два метри. Држи растојание!
Ве сакам“.
Инаку, повеќето односно сите јавни личности ги почитуваат мерките за заштита и апелраат да се седи дома.