Радио Милева

Тамара Тодевска откри што мисли за неверството, ама ретко кој би одговорил како неа

Тамара Тодевска откри што мисли за неверството, ама ретко кој би одговорил како неа

Извесен период кај јавните личности актиелна е играта на социјалната мрежа „Инстаграм“ насловена „Ask me a question“, која никако да им досади, а пак следбениците и обожавателите квалитетно навалуваат со прашања од најразличен карактер.

Најважно, интеракција постои, а за Тамара Тодевска иако ова на почетокот изгледаше досадно, сега и таа се реши да одговара на прашањата од своите следбеници.

Прашања имаше многу, а исто така и одговори.

Покрај оние за тоа кое и е омилено, јадење, песна, како ќе се вика бебето кое го чека и кога ќе се роди… некој ја праша и за тоа дали би простила неверство, а нејзиниот одговор ретко кој го има.

Имено, за Тамара неверството може да го прости но не и да заборави.

Меѓудругото, не го заобиколија ниту моментот дали со својот изглед би „поминала“ кај Сергеј Варошлија, а таа со сигурност потврди дека тоа е така.

Не помина многу време се огласи со коменатр и Сергеј, кој ја потврди констатацијата на пејачката.

To top