За Тамара Тодевска и нејзиното семејство, 2019 година почна со голема радост, а за тоа е заслужен малиот Дарен кој сега го има целото внимание, но нормално најмногу од мама.
Големиот христијански празник Божиќ е време кога сите поминуваме време со семејството, но и по гости кај баба и дедо, блиски роднини, пријатели…
View this post on Instagram
Па така мама Тамата на својот Инстаграм објави дека за Божиќ останала сама бидејќи мора да внимава и целосно предана на своето малечко бебенце, додека тато и Хана се во заедничка празнична дружба.
-Кога ќе си останеш сам на Божиќ зашто не можеш никаде да мрднеш, тука е вујна да те најаде. Те сакам, напиша Тамара во дополнување на фотографијата на која се гледа дека вујна и приготвила јадење.
Додека мама Тамара собра енергија од добриот оброк, Дарен мирно и слатко си спиеше, момент кој таа не го пропушти за уште една фотографија за на социјаната мрежа.